- Отфрламе дека која било агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ, тоа најостро го демантирам. Ве молам да не растураме пердуви во јавноста со ваков тип констатции што се тотално невистинити. Тврдам со сета своја морална, фактичка, кривична одговорност дека не постои постои агенција за обезбедување којашто има некаква поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, ПАРТИЈАТА НА КОЈАШТО СУМ ЈАС ПРЕТСЕДАТЕЛ. Ако ми дадете еден доказ, утре ќе поднесам оставка, ако не да се извините, бидејќи ја споменавте, тоа е прво, рече премиерот Мицкоски и додаде дека во минатото, очигледно е дека сопствениците на локалите се чуствувале комотно, и дека не може да ги врати годините наназад за да коригира она се што е рушено
-Второ, дали се чуствувале комотни јас тоа не знам, очигледно е дека се чуствувале комотно, но дали ќе се чуствуват комотни јас ќе повторам немам моќ, за жал, да го вратам времето назад, годиниве и да можам сето она што е рушено со децении и да го коригирам. Овие 8, 9 месеци се обидовме онаму каде што можевме да коригираме и се справивме со сите предизвици со коишто можевме да се справиме, додаде Мицкоски и вети дека отсега нема да биде така.
Премиерот најави и итна промена на постојните закони кои дозволите ваква ситуација со која самите сопственици преку нотарска изјава, а не институција утврдувала дали се исполнуваат условите за работа на локалите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата