logo
logo
logo

Мицкоски - О’Брајан: Стратешки интерес на Македонија е заштита на националните и идентитетски обележја и влез во ЕУ

Vecer | 30.11.2023

Мицкоски - О’Брајан: Стратешки интерес на Македонија е заштита на националните и идентитетски обележја и влез во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ г. Тимчо Муцунски и г. Владо Мисајловски оствари средба со г. Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

На средбата соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија.

Воедно Мицкоски истакна дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската Унија е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија.

Од страна на Мицкоски беше афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.

Соговорниците се осврнаа на повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми и области, соопштија од партијата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk