logo
logo
logo

Мицкоски на средба со раководството на СОНК

Vecer | 30.09.2024

Мицкоски на средба со раководството на СОНК

Денес остварив средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

- На средбата разговаравме за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.

Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати.

Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат оддржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки!, пишува Мицкоски во својата објава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk