logo
logo
logo

Мицкоски на средба со Клакочар Зупанчиќ: Потврда на пријателските и партнерски односи меѓу Македонија и Словенија

Vecer | 10.04.2025

Мицкоски на средба со Клакочар Зупанчиќ: Потврда на пријателските и партнерски односи меѓу Македонија и Словенија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со Уршка Клакочар Зупанчиќ, претседателка на Државниот збор на Република Словенија.

Средбата претставуваше можност за потврда на пријателските и партнерски односи меѓу двете земји, како и за отворање на нови можности за соработка во повеќе области од заемен интерес.

Разменивме мислења за унапредување на парламентарната соработка, со посебен акцент на размената на искуства и добри практики, како и на улогата на парламентите во процесите на европска интеграција и регионална стабилност.

Беше изразена благодарност за континуираната поддршка што Словенија ѝ ја дава на Македонија во нејзиниот европски пат, како и за јасната и недвосмислена позиција за важноста од забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, напиша Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk