logo
logo
logo

Мицкоски: ОЧЕКУВАМ 53 ДО 56 ПРАТЕНИЦИ, анкетите покажуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 27.02.2024

Мицкоски: ОЧЕКУВАМ 53 ДО 56 ПРАТЕНИЦИ, анкетите покажуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 53 до 56 пратеници на претстојните избори, врз основа на она што го покажуваат анкетите и расположението на гласачите – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување. 

Внатрепартиските анкети на партијата се континуирани во текот на цела година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното ТВ- интервју.

Според последната анкета, Мицкоски истакна дека доколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале околу 22-23 проценти, додека за СДСМ само 9 до 10 проценти.

-Февруарските анкети теренски се дека бројката која што би ја освоила ВМРО-ДПМНЕ доколку утре има избори е помеѓу 22-23 проценти. СДСМ се движи околу 9-10 проценти од прилика од освоените гласови, условно кажано ДУИ и обединетата албанска опозиција би се движеле помеѓу 6-6.5 проценти од освоените гласови. Партиите ЗНАМ и Левица би се движеле околу 4-5 проценти, нагласи Мицкоски.

На прашањето колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ според анкетите, Мицкоски рече:

„Врз основа на овие бројки на државно ниво пондерирани во број на пратеници ценам дека во моментот би се движела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата помеѓу 53 и 56 пратеника“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk