logo
logo
logo

МИТРЕВСКИ ИМА ПРЕСУДА ДЕКА БИЛ НЕЗАКОНСКИ СМЕНЕТ, вели дека Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“

Vecer | 06.02.2025

МИТРЕВСКИ ИМА ПРЕСУДА ДЕКА БИЛ НЕЗАКОНСКИ СМЕНЕТ, вели дека Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“

Слободан Трендафилов е незаконски избран за претседател на „ССМ“ и сите негови досегашни одлуки и решенија од 2016 година се неважечки. Поранешниот синдикален лидер, Живко Митревски, ја објави пресудата од Основниот граѓански суд – Скопје, донесена по негово тужбено барање, според која тој бил незаконски сменет од позицијата, а актуелниот прв човек на „ССМ“, Слободан Трендафилов бил нелигитимно избран.

Според пресудата, постапките за неговата смена се воделе спротивно на Статутот на „ССМ“, спротивно на волјата на работниците и спротивно на 14-те грански синдикати кои се изјасниле дека никогаш немале водено постапка за негова смена. Тој бара од Владата и надлежните институции веднаш да интервенираат согласно пресудата и да го впишат како легитимен претседател на ССМ.

„Оваа пресуда дефинитивно укажува дека сите тие се ништовни дејствија и дека се бара враќање во поранешна состојба односно враќање на Митревски. Се што се разговара и преговара е нелигитимно“, рече Живко Митревски, поранешниот претседател на ССМ.

Во решението на судот, според Митревски, јасно стои дека поранешната техничка министерка Фросина Ременски, потпишала решенија за негова смена, спротивно на членовите 45, 46 и 47 од Законот за избор на Влада. Таму јасно стои дека секој донесен управен акт кој е потпишан само од техничкиот министер , а не е потпишан од заменик-министерот е незаконски.

„Пресудата утврдува дека решението на техничката министерка Ременска е донесно спротивно на закон. Спротивно на закон, спротивно на закон за избор на Влада, член 45, 46 и 47, бидејќи е потпишано само од неа, а не и од заменскиот министер, што според законот, таквиот управен акт е ништовен“, изјави Живко Митревски.

„Алфа“ побарале став и одговори од сегашниот лидер на ССМ, Слободан Трендафилов. Од него само краток одговор дека имал поважни синдикални активности.

„На протести сум со работниците од Колска. Денеска работниците се поважни од Живко“, изјави Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ.

Митревски предупредува дека со одлуката на судот незаконски стануваат и потпишаните колективни договори во јавниот сектор, во 2023 година. Тој достави и записник од трудов инспекторат кој констатирал дека Трендафилов не можел да биде лидер на ССМ, бидејќи претходно не бил претседател на гранскиот синдикат на трговија, а за тоа има и решенија од поранешната министерка во владата на СДСМ, Јована Тренческа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk