logo
logo
logo

Митева: Од средбата на Мицкоски со Пендаровски СЕ ОЧЕКУВА ПОЗИТИВЕ ИСХОД ЗА 27 АПРИЛ

Vecer | 06.05.2021

Митева: Од средбата на Мицкоски со Пендаровски СЕ ОЧЕКУВА ПОЗИТИВЕ ИСХОД ЗА 27 АПРИЛ

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вели дека средбата на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски е по барање на Мицкоски.

– Средбата е на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и јас можам да кажам дека тоа за мене претставува државнички потег. За тоа што кога претседателот на државата и лидерот на најголемата политичка партија и на најголемата пратеничка група во Собранието ќе седнат да разговараат и ќе имаат исти ставови по однос на неправедно осудените од 27-и април и за актуелната политичка и економска ситуација, вели Митева.

Таа посочи дека очекувањата се дека ќе имам позитивен исход од тоа и дека ќе произлезат мерки кои што во иднина ќе донесат позитивни резултати.

Митева истакна дека треба да се почека да се види како ќе се одвива средбата па дополнително детали ќе се има во петок.

Во однос на својот ангажман како трет портпарол на партијата Митева вели оди по патот на нејзините колеги Димче Арсовски и Наум Стоилковски.

– Заедно со моите колеги Димче и Наум ќе продолжам го одам патот кој што тие веќе го одат. Работа има за сите, со целата оваа ситуација која што се случува во државата и со волку скандали на дневно ниво јас мислам дека и тројца портпароли се малку за да ги покријат сите настани“, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Утрински Брифинг“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk