logo
logo
logo

Мисајловски: Владата се покажа целосно неспособна околу набавката на вакцини

Vecer | 12.02.2021

Мисајловски: Владата се покажа целосно неспособна околу набавката на вакцини


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, за време на денешната посета на Куманово се осврна на прашањето за тоа зошто нема се уште вакцини.

„Веќе не се знае кој каков одговор дава од Владата, а не ние како обични граѓани и опозиција. Знаете зошто, затоа што секој ден имаат изрека или со нешто да се извадат или дека некој друг е крив, но никако да погледнат самите во себе дека се криви за се ова што се случува. Во нормална држава сите требаше да дадат оставка за ова што ни се случува. Знаете кога имаше вонредна ситуација, кога имаше по 7-8 пресови каде се фалеа колку они помагаат, имаше многу малку заболени тој период, иако беше страшен сега кога е уште пострашно они си играат со една многу важна работа, а тоа се вакцините“, рече Мисајловски.

Според Мисајловски, Владата се покажала целосно неспособна околу набавката на вакцини.

„Цела влада треба да се ангажира да ги добиеме. Знаете колку имаа они билборди ставено дека ЕУ веднаш ќе ни понуди бесплатно здравство, дека наеднаш се ќе биде розево, но не е така. Знаете зошто не е така, затоа што некој треба да сработи. Оваа влада не работи, ниту пак ги интересира дали вакцините ќе стигнат денес или утре, важно е да работи нивниот пи-ар да кажуваат на граѓаните што сработиле но за жал ние сме последна земја во светот во борбата против оваа пандемија иако насекаде ја има“, рече Мисајловски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk