logo
logo
logo

Министерството за здравство ќе започне преговори за набавка на Молнопиравир, единствениот лек за ковид-19

Vecer | 21.10.2021

Министерството за здравство ќе започне преговори за набавка на Молнопиравир, единствениот лек за ковид-19

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот Молнопиравир, единствениот лек против ковид-19. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

– Лекот Молонопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%, информираат оттаму.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против ковид-19 не може да се споредуваат. Вакцините против коронавирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход.

– Вирусот ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2, велат од Министерството за здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk