logo
logo
logo

Министерството за транспорт со обемни контроли на лиценците, ПРОВЕРЕНИ НАД 640 ЛИЦЕНЦИ, ОДЗЕМЕНИ 97 на изведувачи и надзор на градби

Vecer | 21.03.2025

Министерството за транспорт со обемни контроли на лиценците, ПРОВЕРЕНИ НАД 640 ЛИЦЕНЦИ, ОДЗЕМЕНИ 97 на изведувачи и надзор на градби

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Тој соопшти дека од досега извршената проверка констатирано е следното:

„Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци.

Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците.

Изразено во бројки тоа значи:

на 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија

на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,

на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,

на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,

на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,

на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,

на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,

на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,

на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови“, соопшти министерот за транспорт Николоски.

Воедно тој најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk