logo
logo
logo

Гордан Георгиев: ИЛИ СЕГА ИЛИ НИКОГАШ – Македонија мора да се промени длабоко одвнатре

Vecer | 22.03.2025

Гордан Георгиев: ИЛИ СЕГА ИЛИ НИКОГАШ – Македонија мора да се промени длабоко одвнатре

Познатиот граѓански активист и интелектуалец Гордан Георгиев испрати силна порака до јавноста по трагедијата во Кочани, повикувајќи на длабока лична и колективна реформа. Во својот текст, Георгиев истакнува дека жалоста не смее да остане само емоција – туку мора да стане поттик за системска промена.

Гордан Георгиев, до преземањето на СДСМ од страна на Зоран Зев и неговите “невладини“ соработници беше голема надеж на социјалдемократите но, Заев и “соработниците“ не беа расположенио во своите редови да имт некој различен од нив, и нивната агенда.

На својот Фејсбук профил Гордан Георгиев напиша:

„Мртвите нема да ги вратиме, но дали тие ќе не’ вратат во живот?“, прашува Георгиев, повикувајќи секој граѓанин да ги затвори сопствените „дуќанчиња“ – метафора за клиентелизам, врски, лични интереси и идеолошки капсулирања што ја разградуваат државата одвнатре.

Тој изразува уверување дека Владата е потресена и свесна за тежината на моментот – и затоа мора со целосна посветеност да ја поведе промената. Во исто време, Георгиев гледа на воздржаноста на опозицијата како позитивен сигнал и повикува на одговорно државничко однесување од сите страни, со еден централен влог – самото опстојување на општеството.

„Немаме second best“, предупредува тој. Затоа, граѓаните треба будно да ја следат власта, но и да дадат поддршка сè додека постои волја и искреност. Протестот, додава Георгиев, треба да остане присутен – како „ентелехија“, постојано бдеење над правдата, а не повод за селективна или етничка пресметка.

Со овој текст, Георгиев успева да ја отвори суштинската дилема: дали конечно ќе покажеме зрелост како општество, или повторно ќе потонеме во циничен круг на пасивност и политичка злоупотреба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk