Фондот за
здравство (ФЗОМ) се уште нема одлучено на второстепена комисија дали лекувањето
на неговиот син може да продолжи во Австрија, што го доведува во ризик
лекувањето на неговиот син.
-Од
второстепената комисија во Фондот за здравство нема никаков одговор за тоа дали
може да се покрие неговото лекување во Виена и покрај тоа што помина многу
време. Болницата во Австрија има подготвена фактура од 140 илјади евра за
наредните три месеци за неговото лекување и сме сега во една многу незавидна
ситуација. Дали треба јас Леонид да го вратам во Македонија?, вели Бранко
Индов, татко на младиот Леонид кој со хеликоптер беше транспортиран на лекување
во Виена, за „Слободен печат“
Првите три месеци
од лекувањето на Леонид Индов во Виена беа платени од донации собрани од хумани
граѓани. Но трите месеци што следуваат нема кој да ги покрие. Фондот за
здравство првично одби да покрие 140 илјади евра за лекувањето на Леонид во
Виена под изговор дека станува збор за рехабилитација што можело да се спроведе
во земјава, и покрај тоа што ниту една здравствена установа не се прогласи за
стручна и компетентна да го спроведе таквиот третман, а згора на тоа Леонид
имаше и конзилијарно мислење од специјалисти дека неговото лекување во
Македонија не е возможно. Затоа тој беше транспортиран со хеликоптер на МВР во
Австрија, во центар за рехабилитација. Стануваше збор за ризичен и комплексен
транспорт бидејќи младиот пациент е на респиратор.
-Министерството
за здравство не плати, Фондот за здравство не одговори. Јас знам дека се
избори, но светот не застанал. Ако не плати Министерството за здравство како
што јавно министерот вети, тогаш дали јас ќе треба да го враќам назад Леонид?,
прашува таткото Бранко Индов.