logo
logo
logo

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Vecer | 23.02.2021

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла, Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење на организиран криминал. Автомобилит беше во придружба на две полициски и едно цивилно возило. Медиумите не успеаа да го видат, поради темните стакла. Тој беше изнесен од зградата веднаш по заминувањето на обвинителката Вилма Русковска. Мијалков ќе биде спроведен во неговиот дом на Водно.

Адвокатот Петар Василев, застапник на Мијалков, ги одмина новинарските екипи и не одговори на ниту едно од прашањата.

И Вилма Русковска кажа дека не се сретнала со Мијалков иако тој три часа седеше во истата зграда со неа. Таа посочи дека оправдувањето на Мијалков и било пренесено од неговиот адвокат.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk