logo
logo
logo

Мицкоски:

Фалсификуван е записник на МВР, избришано e дека ВИЦЕ БАРАЛ РЕКЕТ ОД 250 ИЛЈАДИ ЕВРА

Vecer | 28.05.2021

Фалсификуван е записник на МВР, избришано e дека ВИЦЕ БАРАЛ РЕКЕТ ОД 250 ИЛЈАДИ ЕВРА

Структури на МВР блиски до власта фалсификувале записник каде е избришан Вице дека барал рекет од 250 илјади евра, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за „360 степени“ на Алсат М.

Мицкоски посочува дека има две верзии на записник. Првата е откако еден од сопствениците дал исказ, МВР составило известување, а тоа известување достигнало во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Но, како што додава откако виделе дека таму се наоѓаат овие имиња кои што се поврзуваат со семејството на власт, отишле определени луѓе, постојат основани сомневање дека отишло лицето Лазе Велковски, ја земале првичната верзија од записникот и го корегирале.

И потоа ја пратиле новата односно втората верзија на записникот од каде што тој дел каде што се споменуваат имиња на фамилијата блиска до власта го нема, рече Мицкоски.

„Иако видите влезниот печат кај едниот и кај другиот документ се наоѓаат на различни делови од првата страна иако се со ист број“, укажа Мицкоски.

Мицкоски изјави дека  еден од двајцата сопственици кој што се жртва на рекетот во РЕК Битола отишол кај него, поради што го советувал да го пријави случајот во МВР.

- Дојде кај мене во тој период и разговаравме. Ми ми го опиша настанот, и јас му реков види јас ниту сум истражен орган, ниту можам некако да ти помогнам и го упатив во МВР да даде исказ, овие да ги согледаат наводите кои што тој ги дава во исказ и врз основа на тоа да постапат. Претпоставувам дека отишол тогаш во МВР дал исказ, и тој исказ е содржан во една од двете верзии кои што јас ги презентирав пред јавноста, рече Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk