logo
logo
logo

Мицкоски на средба со Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“ - Потребни коренити промени во Македонија

Vecer | 17.05.2022

Мицкоски на средба со Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“ - Потребни коренити промени во Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на партијата оствариле средба со Мајк Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“, и високи претставници на оваа организација.

Според партијата на средбата соговорниците разговарале за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтегративните процеси на државата.

Претседателот Мицкоски изрази голема благодарност и ја поздрави долгогодишната активна заложби на „Македонија 2025“ во помошта државата да стане успешна држава, со квалитетни и стручни кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека  Мицкоски ја истакнал поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за нивните постојани иницијативи, особено во делот на дигитализацијата, стипендирањето на успешни млади студенти и професионалци од Македонија, како и програмите кои ги организираат.

- Имено, Мицкоски додаде дека се потребни коренити промени, информирајќи дека владата е неспособна да се справи со предизвиците со кои се соочува Македонија и граѓаните, и токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ презема активни чекори за промена се со цел обезбедување на подобра иднина за сите граѓани и создавање можности и капацитети за економски раст на државата, соопштија од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk