logo
logo
logo

Мицкоски за средбата со Јанкуловска: Пораката е дека никој не е заборавен, ТАА Е ЖРТВА НА СИЛНА ПОЛИТИЧКА ТОРТУРА

Vecer | 22.09.2023

Мицкоски за средбата со Јанкуловска: Пораката е дека никој не е заборавен, ТАА Е ЖРТВА НА СИЛНА ПОЛИТИЧКА ТОРТУРА

Тоа е редовна средба која што е со драг пријател, кој што долго време е таму каде што е. И ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката туку треба да се каже дека никој не е заборавен“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во вестите на ТВ Алсат говорејќи за средбата со Гордана Јанкуловска.

Мицкоски додаде дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави веќе три години.

„Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се грижи буквално за секој еден лојален член, за секој еден член кој што оставил неизбришлива трага во работењето на партијата. И ценам дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави еве веќе цели три години“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој посочи дека средбата беше денеска бидејќи Гордана Јанкуловска денес добила слободен викенд.

„Таа денеска доби право да користи викенд, и таа го користи. И нема друга некоја посебна причина“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk