logo
logo
logo

ДАРДИШТА СЕ ДАЛ ВО БЕГСТВО ПРЕД АПСЕЊЕТО, приведен на граничниот премин Долно Блаце

Vecer | 18.12.2025

ДАРДИШТА СЕ ДАЛ ВО БЕГСТВО ПРЕД АПСЕЊЕТО, приведен на граничниот премин Долно Блаце

Бујар Дардишта од ДУИ е уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце, објави Радио Лидер.

Дардишта се обидел да избегне апсење, но бил лоциран и приведен на граничниот премин Долно Блаце.

Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што приведе повеќе од 10 лица.

Бујар Дардишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, институција која беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и издавањето документи без целосна евиденција.

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој присуствуваше на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР – донација на ОКТА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk