logo
logo
logo

Мицкоски: Тие ги имаат Спасовски и Рускоска, НИЕ ГО ИМАМЕ НАРОДОТ на наша страна

Vecer | 14.10.2021

Мицкоски: Тие ги имаат Спасовски и Рускоска, НИЕ ГО ИМАМЕ НАРОДОТ на наша страна

Сте сретнале ли некој кој последниве неколку месеци, а да не е Вице, малите Зоранчиња градоначалничиња, Љупчо Путерот и блиските до нив главоклимачи. Значи освен овие кои се со џебови полни државни пари, некој добро да збори за оваа власт. Нема таков. Нема човек кој добро збори за нив. Од друга страна за ова е свесна и власта па затоа овие денови се свртеа на поткуп. На масовен поткуп и тоа е последица на единственото сознание дека ќе ги загубат изборите –  дебело, рече Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Пехчево.

Тој додаде „поткупот кој го прават, а при што се нудат стотици евра за еден единствен глас, тоа што во Битола во игра се црни вреќи, во Велес се лицитира со бројки денес видовме слично е и во Прилеп, тоа што Заев ќе делел државна помош на одбрани фирми од буџетот на народот, тоа се потези на очајник кој се дави во сопствената кал“.

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту обвинителството на Рускоска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, лекот е масовен одзив во Недела. Уште во раните утрински часови да се излезе масовно, без запирање и да се даде поддршка на промените кои мора да се случат за да падне оваа власт“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk