logo
logo
logo

Анкета на ИПИС

Мицкоски со тројна предност пред Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ

Vecer | 28.05.2023

Мицкоски со тројна предност пред Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ

Меѓу политичарите, граѓаните имаат најголема доверба во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува анкетата на ИПИС.

Тој има убедливо водство со рејтингот пред сите останати, а посебно е очигледна разликата во довербата во него и во таа која граѓаните ја имаат во премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

 

Дека имаат најголема доверба во Мицкоски, се изјасниле 13,5% од испитаниците. Доверба во Ковачевски кажале дека имаат само 5% од граѓаните.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонскоистражување во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на нивона Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови зa нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелнипрашања.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креираннепристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој бешестратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во РепубликаМакедонија.

Во него беа запазени демографските специфики на населението како половаструктура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветнаподелба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа штоСкопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите напартиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

ВМРО-ДПМНЕ според оваа анкета има убедлива предност пред СДСМ.За опозицијата би гласале 20 посто од испитаниците, додека за СДСМ 12, 9.

Мицкоски е убедливо најпопуларниот политичар со рејтинг од 13,5 додека Ковачевски има рејтинг од 5 отсто.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека договорот со Бектел и Енка“ за изградба на коридорите е коруптивен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk