logo
logo
logo

Мицкоски со порака до земјоделците: Гласајте за промени и за решавање на вашата мака

Vecer | 15.10.2021

Мицкоски со порака до земјоделците: Гласајте за промени и за решавање на вашата мака

Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија , луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат да ве излажат. Нема ништо и да се промени со нив, работите ќе тргнат на подобро кога ќе се смени оваа власт. Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател и соговорник, партнер за решавање на вашите проблеми и вашите маки, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Карбинци.

Точно знам, рече Мицкоски, со што се соочувате излезете на овие избори и гласајте за промени, промени од кои ќе тргне создавањето на новата иднина, и на новото време кое треба да донесе за вас сигурност и повеќе грижа.

Мицкоски од Карбинци се обрати и до пензионерите.

„Барам и замолувам поддршка од пензионерите, од тие кои својот живот го дадоа за подобра иднина, а сега оваа власт ги разочарува. 52 месеци не им ги покачија пензиите, туку им ги скратија за да имаат повеќе за крадење. Заслужувате достоинствена старост, почит од државата и она што ви следува, повисоки пензии, поголема грижа. И таа ќе ја имате, и затоа се потребни промени“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk