Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Охрид истакна дека ова се навидум локални избори,  но ако се погледне подлабоко, се нешто повеќе од тоа,  од нив зависат многу работи, сите поврзани со иднината на Македонија.

– На овие избори или ќе продолжи државата да функционира на ваков начин како изминатите години и ќе бидеме сведоци на уште продлабочена корупција, хаос, не функционирање на системот, отсуство на одговорност, немање правда, социјални и економски проблеми и стагнација на државата, експериментирање во образованието, пропаѓање и  нехуман однос кон земјоделците, или ќе создадеме сите заедно една нова поинаква, различна, подобра иднина. Иднината ако продолжи оваа власт јасно е каква ќе биде, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека прашањето на кое сите ние треба да си одговориме на овие избори е дали сме подготвени да им подариме уште нови 4 години на истите луѓе кои веќе два пати, брутално два пати ги изневерија очекувањата, не го држеа зборот, даваа лажни ветувања, и потонаа опиени во својата моќ и ароганција, во корупција, играјќи си со вашите животи.

– Дали во следните години Зоран Заев треба да има повторно апсолутна моќ? Дали сметате дека Заев и неговите луѓе се најдоброто што оваа земја го заслужува, или сите вие сте најдоброто. Сите вие сте најдоброто и вие сте тие кои знаат да оценат што е најдобро, а што не е. Ако до сега работеа на ваков начин со сите проблеми кои ги создадоа, неправди, измами, неспособност и неодговорност која ја демонстрираа, дали ќе може да очекуваме од нив нешто поразлично, подобра иднина? Се е јасно, како што е јасна разликата во понудите помеѓу нас и нив, иако власта очајно сака да верувате во нивната теза што самите ја произведуваат, дека сите се исти, односно теза, за да ја продлабочат апатијата и разочараноста која сметаат дека им одговара и дека народот сепак нема да сака да ги промени, нагласи Мицкоски.

Во продолжение говорот на Мицкоски од Охрид:

Исто така тие сакаат да ве убедат дека тие се најдоброто нешто што може да ви се случи, и дека реалноста во која живеете е розова и е најдобра. Дали е тоа така, вие најдобро знаете. Дали живеете најдобро како што тие ве убедуваат? Дали сметате дека со нив ви е најдобро или дека заслужувате подобро од ова што се случува?

Затоа почитувани браќа и сестри во оваа прилика сакам да се обратам и кон нашите сограѓани Албанци во Македонија.

Зоран Заев кон вас се однесува исто како и кон нас Македонците и мисли дека може да ве поседува кога тој заедно со Ахмети ќе одлучат за тоа. И сакам тука да бидам брутално искрен. И не е само Заев виновен, тука во тој однос на политиката кон заедниците се згреши уште од самиот почеток. Сите ние со годините си градиме свој патриотизам, и еве не триесет години стоиме во место. Тапкаме без напредок, иако и Македонците, и Албанците и Турците и останатите си ги пакуваат куферите да заминат. И во исти соништа и веруваме. И не поради тоа што не се разбираме едни со други. Обичниот човек одлично се разбира, туку конфликтите доаѓаат кога политичарите за свои лични интереси го раскаруваат народот и му наметнуваат поделби. Сведено на денешната политика тоа е кога Заев во зборови е одличен разбирач на проблемите на Албанците, а во пракса не прави ништо за рушење на ѕидови. Кога ќе му загинат 14 луѓе во Тетово како мува без глава ќе избега низ ходникот на болницата, партнерски со ДУИ затоа што не можат да го погледаат народот во очи. А, болката е подеднаква за сите.

Затоа ова се избори кога граѓаните можат да им кажат на сите од власта што мислат за сите афери, за сите скандали, за сите измами кои власта ги направи до сега, и да им порачаат дека овој пат нема да им помине, дека Зоран Заев не заслужува повторно да има апсолутна власт, туку власт мора да биде таа која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ односно ќе мора да се опомене оваа ненародна власт и да се создаде баланс, да се направат промени во однесувањето. Мора да се направат промени во однесувањето на сите, буквално на сите во државата и да се создаде една нова поинаква, подобра иднина за сите, иднина на развој, просперитет, ред, напредок, подобар живот, иднина на промени, проекти и победи!

Ве повикуваме и замолуваме да се потсетите на работите кои власта очајно сака да ги заборавите, и да донесете вистинска одлука за себе и своето семејство, за иднината која што ја сакате и која што заслужувате. Вие да кажете што е најдоброто за вас затоа што вие го знаете тоа, а не тие да ви кажуваат самите дека биле  најдобри, затоа што сите знаеме, буквално секој еден граѓанин во нашата Македонија знае дека тие се всушност најлошото.

Замислете до каде им оди ароганцијата што самите за себе викаат дека се најдобри, а се осудуваат да ви кажат дека живеете најдобро???

Јас мислам дека тие се најдобри во тоа едно да кажуваат друго да прават, најдобри се во корупција, тука им нема рамен, најдобри се во неспособност, нема понеспособни во светот од нив, најдобри се во покажување неодговорност, навистина и за ова најдобри.

Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија:

  1. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а едвај половина процент е просекот изминативе четири години.
  2. Ветуваа просечни плати не знам до колку евра, странски инвестиции до колку милијарди, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме.
  3. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа.
  4. Ветуваа 600 км автопатишта низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО-ДПМНЕ што започна да ги гради.

Од нив не можеш ништо поразлично да очекуваш во иднина, волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не.

На овие избори, одлуката како понатаму зависи од самите вас.

Дали ќе дозволите да продолжат на ист начин како досега, или ќе им покажете дека мора поинаку и дека не сте задоволни од ова што се случува, и ќе ја почувствувате шансата која е пред сите вас, да покажеме сите заедно дека заслужуваме една нова иднина, во која нашата татковина Македонија ќе биде нормално, убаво место за живеење.

Ова не се само локални избори, туку и одговор дали ќе им дозволите да продолжат на ваков начин и понатаму.

Драги пријатели, браќа и сестри,

Ова не се само локални избори, туку и одговор дали ќе им дозволите да продолжат на ваков начин и понатаму.

Уморна е оваа земја од политичари кои зборуваат за се и сешто, а не кажуваат ништо. Уморна е Македонија од криминал, деканденција и корупција. Од судбини на семејства кои пропаѓаат, од тоа брат од брата си да се дели и да заминува во странство. Уморна е нашата Македонија од политичари кои не влечат надоле и се грижат само за своите паричници. Уморни сме од статистики како сме дното, а ги имаме најдобрите умови кои успеваат штом ќе ја помминат границата. Уморен е нашиот народ од читање на вести, пратење на црна хроника, од приказни од кои срцето кине. Уморна е оваа земја од живеење во минатото. Уморна е Македонија од крпен живот, од животот на вересија и рати и затоа велиме доста е. Доста е, и на овие локални избори ќе покажеме дека навистина е доста.

Затоа драги пријатели, да зборуваме за иднината. Јас ќе зборувам за иднината. Иднината е нашата верба, иднината сме сите ние. Не е тоа некаков апстрактен поим, туку тоа е нашето ново верују. Јас зборувам за иднината која ќе донесе сигурност, која ќе обезбеди подеднакви можности. Време е за нова страница, за нова борба, за нов патриотизам кој што ќе не обедини. Леви и десни, од сите националнитсти и вери. Ви зборувам за држава која нема да се задоволува со ситни победи, туку со крупни успеси и големи чекори напред. Да ги надраснеме поделбите, да ги срушиме ѕидовите. Една е Македонија, еден е овој живот, кажете им, на овие избори победува надежта. И животот за кој што вреди да се бориме, нашиот македонски живот. Болката и страдањата ни се исти, за тоа и оваа борба е заедничка. За тоа победите ќе ни бидат заеднички. Ви зборувам за новиот патриотизам каде сите од сите краеви, буквално од сите краеви се обединуваме во нова чиста заедничка цел, а тоа е напредокот, тоа е иднината и тоа е успехот. Зборувам за победи кои земјава ќе ја однесат меѓу најдобрите во Европа. Не заборавајте оваа земја е вековна, поминала бури и искушенија, и победувала, и ќе победиме и овој пат. Македонија е Европа и нема алтернатива на тој пат. Македонија е победник, Македонија е успешна приказна затоа што ние друга опција и татковина немаме. Ова е тоа единственото за кое што се бориме и живееме.

Почитувани присутни,

Државата ќе ни даде нам, кога и ние ќе направиме нешто за нашата Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ ова е битка за чест, и достоинство, така било секогаш било во историјата. Најодлучните ги обединувало, најпаметните го сонувале она што денес го имаме, и треба да го развиеме. Овој пат тоа е бајракот на успехот, надежта и иднината. Тоа е твој бајрак. И сите оние кои сега ме слушаат и се двоумат или имаат било каква задршка сакам да ви го порачам следното – знај го носам и твојот бајрак, а под него има место за сите. И за тебе, и за твоите блиски зошто ова е и твојата битка. Зошто Македонија е наша и единствена.

Еден пријател ме прашува што за тебе Христијане е победа. За мене победа е кога ќе се избориме за повисоки плати. Кога Македонија ќе ги сруши границите и ќе биде дел од Европа. За мене победа е кога нема да има разлика во Австрија со стандардот. За мене победа е кога ќе се бориме за среќата на нашите деца. За мене победа е кога ќе има одговорност за оние 14 загубени животи во Тетово, и кога заеднички ќе славиме за 14 спасени животи. За мене е победа кога криминалците ќе одговараат, а чесните ќе победуваат. За мене е победа силна и заедничка просперитетна Македонија.

Тоа го нудам. Нудам визија, работа и иднина. Македонија само така ќе успее, друга опција немаме. Станете народе, доаѓа времето на сериозни одлуки. Доаѓа времето за, проекти и победи.

Велеа дека знаат, видовме дека не знаат.

Ве уверуваа дека можат, дознавте дека не можат.

Сега велат дека се најдоброто, а знаете дека се најлошото.

Затоа да создадеме нова иднина. Нова иднина за секој еден човек во нашата земја.

А, тоа е можна само со јасен концепт, а тоа е концептот како што математички го нарековме 3П, промени, што подразбира промена на системот на вредности, кој сега владее, а кој е извор на лошото однесување на политичките елити, промена на свесноста и чувството за одговорност, промена на системот на функционирање на државата и начинот како тој функционира, да прерасне во систем насочен да помага на луѓето, а не да управува со луѓето, да биде сервис на луѓето, а не дувло на корупција и извор на проблеми. Конечно промена на грешките кои политичарите ги правеле до сега, и промовирање на еден поинаков начин на работа, одговорен, принципиелен, чесен. Знам дека е полесно да се каже отколку да се оствари, но мојата желба за ова да се направи е толку силна што ништо, буквално ништо не постои и што може  нема да ме поколеба да се тргнам од овој пат.

Второто П стои е за Проекти, тоа се проекти на развој, солидарност, проекти за грижа за луѓето и за подобрување на инфраструктурата, проекти за поквалитетна животна средина, проекти кои ќе не доближат брзо до европските градови и држави, за тие проекти ние имаме рокови и во оваа кампања ќе ви презентираме еден поинаков пристап, кој до сега не е презентиран, за тоа ќе имаме посебен настан и ве уверувам само тој пристап ќе донесе резутлати веднаш, и подобра, нова иднина.

И конечно третото П стои за Победи. Победа над духот на малодушноста, верба во квалитетот на нашиот народ, на сите етнички заедници, верба дека оваа држава е нивна и дека работи за нив, и дека заедно е возможно со мобилизирање на сите капацитети да се постигнат победи и оваа наша Македонија да е успешна приказна.

Победа стои за победи во сите области, со поддршка на најдобрите, со поддршка на најуспешните, победа значи да се гордееме во тоа кои сме и во каква држава живееме.

Програмите со кои на овие избори настапуваме се наречени Гарантираме, затоа што го имате нашиот збор во сите општини дека ќе реализираме дела кои ќе создадат нова иднина.

Вкупно програмите содржат 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Поточно гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела.

Драги пријатели,

Тука во Охрид, со моето семејство и со моите пријатели, сме поминувале многу денови, дружби, и ме врзуваат доста спомени за овој град.

Јас не можам да се пофалам дека мојата прва љубов била овде во Охрид, тоа сигурно мојот политички противник кога ќе дојде овдека ќе го каже.

Но, ќе кажам дека Охрид ми е во срцето и знам дека кога ќе се случат промените, Охрид и неговиот развој ќе ни бидат едни од највисоките приоритети. Охрид заслужува подобро од ова. Охрид заслужува промени, проекти и победи, Охрид заслужува една нова, поинаква иднина, полна со позитивна енергија, успеси, резултати, развој, напредок, Охрид и Охриѓани заслужуваат сите ние да засукаме ракави и да докажеме дека знаеме да го цениме тоа што е Охрид за нашата Македонија. Досега мора да признаам, и тоа важи за долги години наназад, јас лично како да не сум убеден дека Охрид е ценет доволно. Имало разни обиди но работата со Охрид мора да се сфати сериозно. Охрид има свои проблеми, не само како одраз на неспособната политика на централната власт туку и заради калкулациите и недоволното работење на градоначалникот и продолжување на една традиција на лошо и корумпирано работење кое носи само осиромашување на народот, нервози, раселување на младите од Охрид, и немање перспектива.

Затоа ние на Охрид му нудиме една нова иднина! Иднина базирана на 3-те столбови кои ќе го променат Охрид и тоа ќе значи имплементирање на нашиот план за развој за кој гарантираме дека ќе се реализира и дека ќе донесе сосема нова чиста и честита енергија во Охрид.

Идниот градоначалник, мојот близок пријател, другар, сопартиец Кирил Пецаков кажа за кои проекти ќе бидат дел од приоритетите, јас нема да ги повторувам, но затоа за него сакам да кажам дека е навистина одличен и тука најголемиот дел го познавате. Знае понекогаш да е тврд и да се бори за својот град, но знае и да сослуша и да прифати кога некој различно но исправно размислува и затоа Кирил Пецаков ќе биде одличен градоначалник, со јасна визија, за развој на градот, и заедно со вас, ќе биде моторот на развојот на Охрид. Охрид кој ќе биде навистина општина за сите.

Драги пријатели,

Покажете дека мора поинаку, и дека не сте задоволни од ова што се случува. Почувствувајте ја шансата која е пред сите вас, шанса за промени, проекти и победи. Шанса да покажеме дека ќе успееме, дека знаеме, умееме и сакаме да ја направиме Македонија, нормално, убаво место за живеење.

На овие избори треба да и одговорите на власта дали целосно ќе им ја препуштите државата, или ќе преземете контрола над сопствената судбина и држава и ќе создадете нова иднина?

Покажете дека во вас постои надеж и пркос, дека сакате да создавате, и дека не се плашите да верувате во себе и во иднината на вашите деца. Таа иднина зависи исклучиво од вас и од промените кои неминовно доаѓаат, а кои ќе ги донесете вие. Промени кои ќе значат нова енергија, кои ќе го поддржуваат позитивното наспроти негативното, креативното и продуктивното наспроти деструктивното, ќе подржуваат квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа, почитување и исполнување на ветеното наспроти измамите и лагите на власта.

Поделбите да запрат. Народот да се обедини. Десни, леви, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, стари и млади, жени и мажи. Дојде време за промени и народот да почне да создава нова иднина. Да излеземе од кругот на апатијата. Затоа што колку повеќе овие се на власт, толку помалку од Македонија останува.

Но морам да признаа, и таму меѓу нив има луѓе кои го гледаат тоа, има незадоволство и ние сакаме сите да се обединиме и да порачаме дека нашата генерација ја сфати важноста на овој историски момент, ја гледа шансата за промени, проекти и победи, шансата да создава, шансата за нова иднина. Да покажеме дека Македонија е држава, и дека тука живее и ќе живее среќен народ кој си ја сака сопствената земја, својата татковина Република Македонија.

Ние имаме знаење и програма со многу проекти, ние гарантираме дека ќе ја исполниме и вие знаете дека може да верувате на нашиот даден збор. Поучени сме од грешките на минатото и со поправени и искоренети слабости, ние сме луѓе, квалификувани, чесни и свесни за околностите и одговорноста која ја преземаме. Создадовме нова иднина кај нас, сакаме обединети со вас да создадеме нова иднина за сите нас. На овие избори влегуваме со чисто срце и ја бараме вашата доверба, ви ветуваме многу работа и конкретни резултати. Новата иднина започнува со промените, после кои следат проектите, новата иднина ќе донесе победи, и нова влада и парламентарно мнозинство во Македонија.

А тие сакаат да мислите дека сите сме исти и тоа е дел на нивната пропаганда, за да останете  разочарани и така да го бараат својот спас. Со малата излезеност, со вашето негласање или нивните тројански експерименти, многу сум прецизен тројански експерименти во опозицијата, немојте да верувате на слугите на власта кои се тројански елементи во опозицијата – тие добиваат најмногу.

Ако не ги опоменете на овие избори, тие ќе мислат дека ги подржувате. Ако им ја оставите апсолутната власт, нивната аздисаност ќе се зголеми – и ќе биде уште полошо. Иднината со нив не е иднина каква што заслужувате. Иднината со нив е хаотична, несреќна и апатична.

Излезете и изборете се! Создадете нова иднина!

Тие се плашат од неа. Од нова иднина во која е подобро, посветло и посреќно, во која нивните грешки е можно сложно да ги исправиме, и од идејата дека за таа нова иднина вреди да се бориме. Таа е доброто, таа е се што тие не се. Иднина за тебе, за Македонија, нова иднина во која оптимизмот ја победува малодушноста, иднина на триумф на вашите вредности.

Новата иднина е нивниот најголем кошмар. Таа создава! Таа носи промени и проекти! Новата иднина победува!