logo
logo
logo

Мицкоски: НЕ ПРИФАЌАМ НАЦИОНАЛНИ ОТСТАПКИ во преговорите со Бугарија

Vecer | 09.04.2021

Мицкоски: НЕ ПРИФАЌАМ НАЦИОНАЛНИ ОТСТАПКИ во преговорите со Бугарија

Нема да прифатам ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет со преговорите со Бугарија, изјави за „Заспиј ако можеш“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и побара Европа да го исполни ветеното на народот, а тоа е почеток на преговорите со ЕУ.

Мицкоски вели дека ни треба датум за отпочнување на преговори и тоа до сега требаше да се случи.

- На овој народ, во срцето на Балканот му беше ветено откако беше понижен со референца за името, со промена во Уставот, промени во знамето,  добиен судски процес во Хаг, па знаете силата на посилниот важи, не важи меѓународното право, ајде и тоа го проголтавме. На крај остана онаа насилна промена на Уставот и тогаш му беше кажано ова е последното и ќе ги започне преговорите со ЕУ. Ни ветија и барам да си го исполнат тоа“, вели Мицкоски.

Тој посочи дека ЕУ тоа што го вети треба да го испорача.

- И на крајот на денот официјалниот став на Американскиот Стејт Департмент е дека билатералните работи треба да бидат надвор од процесот на преговори односно интеграција на Македонија, додаде тој.

Мицкоски истакна дека доста е веќе национални отстапкi.

- ВМРО-ДПМНЕ, јас лично, ниту милиметар, ниту запирка нема да поддржам такво нешто, ниту пак на памет ми паѓа такво нешто. А,  уште помалку ми паѓа на памет да прифатам нешто кое што е надвор од сите мои капацитети да го прифатам како човек, дециден е Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk