logo
logo
logo

Мицкоски: Не може Заев, кој се среќавал со криминалци во својот дом, да направи пресврт во Брисел

Vecer | 14.05.2021

Мицкоски: Не може Заев, кој се среќавал со криминалци во својот дом, да направи пресврт во Брисел


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговоарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, рече дека за поврзаноста на премиерот Зоран Заев со турскиот наркобос Седат Пекер дознал од самиот Заев и Пекер.

Според Мицкоски, по вакви средби на премиер на една држава со криминалец кој во својата матична земја важи за човек што е проблематичен пред законите, не може да се очекува дека Брисел ќе направи некаков пресврт во преговарачката позиција.

„Јас не реков дека Заев имал средба со Седат Пекер, самиот Пекер рече дека го познава премиерот на Македонија и дека бил негов гостин. Само ја кажувам изјавата на Седат Пекер. Некој сега ако сака да каже дека Пекер лаже, па прави аналогија на тоа дека и ние не ја говориме вистината, тогаш има начин како тоа да се докаже. Обвинителството по допрен глас треба да го повика тоа лице во ОЈО да даде исказ дали е вистина дека се среќавал со Седат Пекер, кој во својата матична држава важи за човек што е проблематичен пред законите и понатаму треба да видиме како тој човек нашол неколкумесечно прибежиште тука во Македонија“, посочи Мицкоски додавајќи дека неговата паетија го рефлектира во јавноста она што како информација доаѓа до нив.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk