logo
logo
logo

Мицкоски: Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај обичен службеник во МВР за да вади пасош?

Vecer | 06.04.2021

Мицкоски: Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај обичен службеник во МВР за да вади пасош?

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја запчона Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата, напиша лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Според него, потребно беше ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадаа административни службеници.

Мицкоски меѓудругото напиша:

Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош?

Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира, стои во неговата објава на Фејсбук.

 

Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4...

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, April 6, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk