logo
logo
logo

Мицкоски: Информациите за редефинирање на Македонија ДОАЃААТ ОД РАБОТНАТА ГРУПА

Vecer | 26.05.2023

Мицкоски: Информациите за редефинирање на Македонија ДОАЃААТ ОД РАБОТНАТА ГРУПА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се огласи за информациите за плановите на власта за редефинирање на Македонија во бинационална држава потенцирајќи дека ваквите ставови ги темели врз информациите кои ги споделуваат членовите на, така наречената, работна група за уставни измени надвор од официјалниот дел на истата, каде што преамбулата треба да биде сменета со која Македонија ќе се редефинира како држава на два народи, а другите граѓани ќе бидат етнички заедници и малцинства.

„Токму на информациите кои доаѓаат од истата таа работна група, од луѓето кои што тоа го зборуваат надвор од официјалниот дел од работата на таа, така наречена, работна група, преамбулата да биде променета и да биде, практично, Македонија редефинирана како држава на два народи, етнички заедници и потоа малцинства. Во три столба ги градираат сите наши сограѓани и тоа е дојдено како информација директно од работната група“, рече Мицкоски, при посета на Кисела Вода.

Но, како и да е, додаде Мицкоски, таа тема за ВМРО-ДПМНЕ е затворена, уставни измени во овој состав и под овие услови нема да има, повторувајќи го ставот дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува промена на устав по хрватски модел, кој воедно е устав на земја членка на Европската Унија.

„Често пати гледам преку оние платени експерти, дебата јавна, дека па добро, што дека во следниот состав еве ВМРО ќе победи, ќе направи влада, ќе има уставни измени. Еве повторно сега ви кажувам, во ниту еден состав под овие услови, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ е влада или не е влада, нема да има. Условите или ќе се сменат за да почнеме да размислуваме во таа насока, или нема да има. со овие услови, со овие околности, нема да има. Ние предложивме, цело време сме проактивни и велиме, вие го споменувавте тој модел, ние велиме тој модел е модел на земја членка на Европската Унија, ајде да го примениме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека имаме неодговорна влада, која и по однос на ова прашање брзо смени став, која што за да остане ден повеќе, за да може да украде евро повеќе, се би направила, додавајќи дека забораваат дека доаѓа денот на одговорност и тој ден многу скоро ќе дојде.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk