logo
logo
logo

Мицевски и Ќучук разговараа за соработката на власта со опозицијата и бугарското вето

Vecer | 18.02.2021

Мицевски и Ќучук разговараа за соработката на власта со опозицијата и бугарското вето


Соработката помеѓу власта и опозицијата, носењето на закони со европско знаменце, како и бугарското  вето беа темите на кои денеска се осврнаа координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

За време на состанокот, Мицевски го информираше Илхан Ќучук за актуелните случувања и состојби околу функционалноста, ефикасноста, дијалогот и соработката помеѓу власта и опозицијата, како и помеѓу пратениците и пратеничките групи во рамките на Парламентот.

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски посебно се осврнал на проблемот со инклузивноста на опозицијата во важните процеси и донесување на важни законски решенија, како и за непочитување на демократските процедури и Деловникот за работа на Собранието. Во контекст на ова, се отворило прашањето и за злоупотребата на европското знаменце и скратената постапка од страна на владата при носење на закони и законски решенија во Собранието.

„На оваа средба се разговараше и за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочува Република Македонија, како што е високиот степен на корупција и криминал во нашата држава, факт кој неоддамна беше потврден и нотиран со Извештајот на Транспаренси Интернешнл сместувајќи ја Република Македонија на 111 место во светот, се разговараше за лошата економска состојба и огромната задолженост на државата, но и справувањето со последиците предизвикани од КОВИД кризата. Неизбежно беше, а да не се спомене и актуелната ситуација и разликите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, со цел одблокирање на процесот за отворање на пристапни преговори со Европската Унија“, соопшти опозициската партија.

Имено, на состанокот од страна на известувачот на Европскиот парламент Илхан Ќучук била изразена желба и подготвеност да се помогне во надминување на разликите со цел приближување на ставовите на власта и опозицијата што ќе значи поефикасно и заедничко делување за решавање на секојдневните проблеми како на граѓаните, така и на државата во целост.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk