logo
logo
logo

МЕСЕЧНО ДА СЕ ОТЧИТУВААТ БРОИЛАТА за да нема манипулации, побараа инженерите

Vecer | 04.03.2025

МЕСЕЧНО ДА СЕ ОТЧИТУВААТ БРОИЛАТА за да нема манипулации, побараа инженерите

Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата, бараат од асоцијацијата Инженери на Република Македонија (ИНРМ).

Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Оваа измена, наведуваат, беше резултат на многубројни поплаки од потрошувачите за паушално отчитување, кое не соодветствува со реалната потрошувачка.

„РКЕ има обврска да го заштити правото на потрошувачите за фер-наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија. Отчитувањето мора да се врши месечно, како што е предвидено за сите други категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција. Продажбата на дистрибутивната мрежа на ЕВН беше мотивирана од потребата за модернизација и инвестиции, вклучувајќи воведување дигитални броила со автоматско и далечинско отчитување. Ова требаше да обезбеди месечно фактурирање според реалната потрошувачка, намалување на грешките и подобрување на наплатата. Затоа, РКЕ треба да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата“, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk