„Ниту една држава во светот, ниту еден здравствен систем не може да биде подготвен за таква трагедија како што беше во Кочани“.
Ова го изјави директорот за физикална медиција и рехабилитација Злате Мехмедовиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21.
Тој рече дека рехабилитацијата може да трае многу на ваков тип на повредени.
„Рехабилитацијата на изгореници може да трае со години. Не континуирано со години. Кај одредени пациенти може да се повтори рехабилитацијата“, рече Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ ја соопшти состојбата со повредените.
„Многу од пациентите имаат изгореници на дишни патишта, дигестивен систем и имаат изгореници доминантно на главата и на рацете. Од таа причина контролата на овој дел од телото кој треба да се направи во насока на тоа како треба да се контролираат секундарните инфекции е исклучително важна. Инфекциите особено во акутна рехабилитација и во пост рехабилитацијата е нешто кое внимателно треба да се следи“, рече Мехмедовиќ.
Бројката на жртви од пожарот во Кочани можеше да биде многу поголема доколку не беа испратени пациенти на лекување во странство каде што постои професионално знаење за третман на изгореници, смета Мехмедови.
- Денеска сме до бројката 61, жално е, висока бројка е, но бројката можеше да биде многу поголема, а со такви третмани во болниците кои се високо квалификувани, беше многу важна и видовме каков е резултатот на третманот, и сметам дека е апсолутно исправна одлуката, без да го ставиме своето его, експертиза на страна, и да донесеме одлука да ги испратиме во странство, отколку да докажуваме дека ние имаме капацитет – истакна Мехмедовиќ во гостување на „Дели Клик“ на ТВ21.
Мехмедовиќ изјави дека нема потреба од апели по социјалните мрежи за помош за лекување на повредените, бидејќи сето тоа ќе биде покриенo од државата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата