logo
logo
logo

Медиумите да бидат особено внимателни во известувањето во врска со трагедијата во дискотека во Кочани

Vecer | 16.03.2025

Медиумите да бидат особено внимателни во известувањето во врска со трагедијата во дискотека во Кочани

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани и ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства.

Од ААВМУ, исто така, посочувата дека медиумите треба да ја прилагодат севкупната програма/објави и да емитуваат/објавуваат содржини соодветни на ваков настан. Информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано

Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени/фотографии/видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професиоалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно и /или акустично предупредување, се вели во соопштението од ААВМУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk