Се обиде Али Ахмети деновиве да прикаже дека во ДУИ има мир во куќа, и дека вицепремиерот Артан Груби не е извор на поделби но, залудно.
Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, вели дека нема да се откаже од интерпелација против првиот вицепремиер и негов сопартиец, Артан Груби.
- Ќе продолжам во парламентот да ги поддржувам и да ги критикувам таму каде што грешат. Опцијата за интерпелација останува, изјави Меџити за Алсат М.
Ваквата изјава на Меџити доаѓа по вчерашниот состанок на Централното претседателство на ДУИ по кој лидерот Али Ахмети порача дека се разјаснети сите разлики и дека партијата е обединета.
-Објаснети се сите разлики, не остана ништо без да се објасни до последен атом затоа што пред нас има важни обврски, доаѓаат локалните избори и пописот и сакаме да бидеме дел од придонесот,
рече Ахмети.