logo
logo
logo

МАЖИ жртви на СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Скоро сите ТЕПАНИ од роднини

Vecer | 15.04.2021

МАЖИ жртви на СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Скоро сите ТЕПАНИ од роднини

Во изминатите два дена во тетовската полиција се пријавени неколку случаи на семејно насилство, а интересно е што претежно и сторителите и жртвите се мажи.

Така, во текот на вчерашниот ден во Џепчиште 27-годишен син го пријавил таткото дека го нападнал, а 44 -годишник од Челопек го пријавил стрикото. Претходниот ден 27-годишник од Тетово е пријавен од таткото дека агресивно се однесувал и му се заканувал. Педесетгодишник од Селце е пријавен од сопругата за психичко и физичко малтретирање на неа и четирите деца.

- Во првите три месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се вкупно 26 кривични дела поврзани со семејно насилство кои целосно се расчистени и заокружени со соодветни поднесоци. Најголемиот број од кривичните дела-14 биле со нанесување на телесни повреди и со загрозување на сигурноста-12. Најмногу од сторителите на овие дела, односно од извршителите на семејното насилство во периодот за кој станува збор биле машки лица, претежно сопрузи, вонбрачни или поранешни сопрузи  потоа деца, родители и така натаму, додека меѓу „жртвите“ на ваквиот вид насилство најбројни се сопругите и татковците, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во првиот годинашен квартал до Секторот за внатрешни работи Тетово, исто така, биле поднесени и 48 поплаки кои се однесувале на семејно насилство. Најмногу од оние на тетовското подрачје се поплакувале за физичко малтретирање. Сите поплаки се адекватно расчистени со поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk