logo
logo
logo

МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани

Vecer | 21.03.2025

МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани

Стопанската Комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3 300 000 денари за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

-Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски. Длабоко сочувство до семејствата на загинатите, воедно и искрени желби за брзо опоравување на повредените. Молитвите на членовите на МАТТО се со семејствата на настраданите и семејствата на жртвите во Кочани, наведува Комората.

МАТТО нагласува дека ќе продолжи да го поддржува Црвениот крст и неговите хуманитарни иницијативи за еднакво општество.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk