logo
logo
logo

Иван Лефков демантира дека е адвокат на Дејан Јованов, сопственикот на „Пулс“

Vecer | 23.03.2025

Иван Лефков демантира дека е адвокат на Дејан Јованов, сопственикот на „Пулс“

Во врска со објавата на Инфомакс дека сум адвокат на Дејан Јованов сопственикот на Дискотека Пулс :

ДЕМАНТИРАМ!, напиша на фејсбук Иван Лефков.

ВО ПРЕДМЕТОТ на Основен суд Кочани К-170/13 помеѓу обвинетите не е сопственикот на дискотеката туку лице со исто име и презиме роден 1984 година, а јас сум бранител на прво обвинетиот Горан може да видите на записникот СРАМОТА!!!Немам никаква врска со сопственикот на диското ниту некогаш сум имал ангажман цел град знае кој му е адвокат на Деко! Веста е целосно измислена сите што ме знаат и познаваат знаат дека ова е лага и измислица ќе доставам и докази а од Инфомакс барам ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ!! Во меѓувреме сите мои коментари на објавата на инфомакс се избришани и сум блокирам а од нив немам одговор на пораката-Доказ дека целта е да бидам оцрнет но мојата совест е чиста каде на вас ќе ви оди душата!!!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk