logo
logo
logo

Мартин Попов, шеф на Кабинетот на Ковачевски

Vecer | 17.01.2022

Мартин Попов, шеф на Кабинетот на Ковачевски

Новата Влада денеска ја одржа својата прва седница. На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов. Владата денеска донесе и Решение за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови ги определи Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи, м-р Беким Сали, министер за здравство, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена. За раководител на Управувачкиот комитет е определен Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk