logo
logo
logo

Маричиќ лицитираше дека практично го пуштаат низ вода македонското малцинство во Бугарија, вели Мицкоски

Vecer | 21.01.2022

Маричиќ лицитираше дека практично го пуштаат низ вода македонското малцинство во Бугарија, вели Мицкоски

Многу парада, малку суштина, на штета на македонскиот народ. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вестите на Сител ја искоментира средбата меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков која се случи на 18 месецов во Скопје. Вели дека секогаш кога ќе треба да се направи чекор напред, Бугарија ќе наоѓа изговори. -Нас ни треба суштина. Која е суштината? Суштината е дека ние изгубивме неколку преговарачки позиции, Али Ахмети лицитираше таму со нови промени на Уставот, Бојан Маричиќ лицитираше таму дека практично го пуштаат низ вода македонското малцинство во Бугарија итн, изјави Мицкоски. За екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека кога требало да биде гласен тој молчел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk