logo
logo
logo

МАН: Пријавете се за превоз за ревакцинација во Врање

Vecer | 12.06.2021

МАН: Пријавете се за превоз за ревакцинација во Врање

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги повикува сите медиумски работници кои немаат сопствен превоз, да се пријават на емаилот [email protected] заради евиденција за организиран превоз за ревакцинација против Ковид-19 во Врање.

Рокот за пријавување е најдоцна до утре, недела, 13 јуни 2021 година до 19.00 часот.

Ревакцинацијата ќе биде на 15 јуни 2021 година, во Врање, во Заводот за јавно здравје, но постои можност, кој сака, да се ревакцинира и во спортката сала во Врање.

Потребно е со себе, освен документ за лична идентификација, да се носи и потврдата за вакцина која медиумските работници ја добија на 23 февруари 2021 година, при примањето на првата доза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk