logo
logo
logo

Малолетникот кој го прегази д-р Јота заврши во куќен притвор

Vecer | 27.02.2021

Малолетникот кој го прегази д-р Јота заврши во куќен притвор

Малолетникот на возраст од 16 години кој пред два дена го прегази скопскиот хирург Ѓорѓи Јота заврши во куќен притвор, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје го товари за две кривични дела.

Постапката против него се води според Законот за право на детето со оглед дека нема наполнето 18 години, а од ОЈО Скопје соопштија дека на нивно барање судот му определил на малолетникот куќен притвор во траење од 15 дена и му го одзел пасошот.

Од ОЈО Скопје соопштија и дека до судија за деца во Основниот кривичен суд поднеле барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години и дека го сомничат за две кривични дела: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

„Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот ’Мајка Тереза‘ во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата ’Елисие Поповски Марко‘ не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин“, велат од обвинителството.

Од ударот, прегазениот хирург се здобил со тешки повреди поради кои се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

По прегазувањето, малолетникот веднаш го напуштил местото на настанот и не му укажал помош на повредениот, што е причина обвинителството да го сомничи и за второто кривично дело.

Сообраќајната несреќа се случи во четвртокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk