На 17.02.2022 полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Чаир, во Полициско одделение Шуто Оризари, извршиле службен разговор со две машки малолетни лица и една малолетничка, во присуство на нивните родители и адвокат, поради постоење основи на сомнение дека се инволвирани во кривично дело по член 193-а од Кривичниот законик.
Постапувајќи по претходна пријава, според која преку социјална мрежа до неколку малолетници е испратен видео запис со експлицитна содржина со малолетниците, полициски службеници преземале мерки и активности и во координација со социјален работник и инспектор од Одделение за компјутерски криминал извршиле разговори околу околностите во кои се случилило делото.
По насоки на дежурен Јавен обвинител за малолетници, мобилните телефони од повиканите малолетници одземени се за вештачење, а по документирање на случајот до ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата