logo
logo
logo

Видео

Малолетна мајка од Скопје бара помош да си го врати бебето

Vecer | 08.06.2021

Малолетна мајка од Скопје бара помош да си го врати бебето

Д-р Горан Трајковски во уште една хумана мисија, овој пат да и помогне на малолетна мајка од околината на Скопје која сака да биде со своето чедо од кое била приморана да биде одвоена.

Имено, Маја, како што ја нарекува д-р Трајковски, кога забременила иако малолетна во ниту еден момент не помислила на абортусот како опција. Напротив, Маја на свет донела здраво бебе од кое заради немањето поддршка морала на кратко да се раздели. Девојката за некој ден станува полнолетна и сака повторно да биде заедно со своето чедо.

Семејството не ја прифаќа оваа желба на Маја, па таа препуштена сама на себе е принудена да побара помош од луѓето.

Докторот Горан преку видео побара помош за девојката, а веќе постои и профил за прибирање  средства преку GoFundMe. Погледнето го видеото во кое тој зборува за судбината на Маја и нејзиното бебе, а доколку сакате да донирате и да дознаете повеќе за донациите кликнете тука.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk