logo
logo
logo

Мали деца и возрасни не можеле да се симнат од врвот на Водно поради силен ветер

Vecer | 04.02.2023

Мали деца и возрасни не можеле да се симнат од врвот на Водно поради силен ветер

Поголема група граѓани, меѓу кои и деца денеска не можеле да се симнат од врвот на Водно со Жичницата поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираат дека проблемот е надминат откако Жичницата била повторно ставена во употреба.
-На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кои чекаат да се симнат по жичарата, меѓутоа поради големите ветрови на истите од страна на вработените на Жичарата не им е дозволено да се симнат со лифтот, наведуваа од ЦУК.
Лицата побарале помош за симнување, посочувајќи дека биле известени од страна на вработените во Жичарата дека патот е подзамрзнат и тешко е со кола да се стигне до местото каде се наоѓале луѓето. За настанатата состојба ЦУК го известило одговорното лице од Град Скопје и ЈСП Скопје. По извршените контакти со одговорното лице, Жичарницата била ставена во функција и луѓето безбедно се симнале надолу до Средно Водно. Од страна на Град Скопје е известен и Црвениот Крст чии претставници се наоѓале на лице место и им помагале на луѓето безбедно да се симнат надолу.
Состојбата е надмината и временските услови се стабилизирани, соопштија од ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk