logo
logo
logo

Максим на конгресот: Општински на СДСМ се претворени во ЗДРУЖЕНИЈА НА ПОВРЗАНИ ЛУЃЕ (АУДИО)

Vecer | 18.05.2021

Максим на конгресот: Општински на СДСМ се претворени во ЗДРУЖЕНИЈА НА ПОВРЗАНИ ЛУЃЕ (АУДИО)

Нови аудио снимки се појавија на Фејсбук од 26 конгрес на СДСМ. Во една од нив зборува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој вели дека општинските организации на СДСМ се претворени во здруженија на мали групи организирани и взаемно поврзани луѓе.

Димитриевски вели дека до ова дошло по промената на Статутот на партијата откако на претседателот на партијата му се дадени поголеми надлежности да номинира и избира претседатели на општински, а потоа дополнително самите да даваат лични предлози за составниот дел на општинските раководства.

- За жал од оваа дистанца денеска, а не сакам да верувам во тоа дека е така, гледам дека не сите наши партиски другари го диживуваат или разбираат слоганот на транспарентност, отчетност и одговорност. А всушност за жал ги трансформираа одредени општински организации, а со тоа делумно и партијата, можеби грешам, во здруженија на мали групи организирани и взаемно поврзани луѓе. Ќе направам се во рамките на моето членување на партијата да овој начин на функционирање на партијата се промени во целост, потенцира Димитриевски.

Тој понатаму вели дека тоа се лоши примери кои создаваат лоша слика за партијата.

Целото аудио може да го слушнете на следниот ЛИНК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk