logo
logo
logo

Максим Димитриевски: МВР врши притисок врз општината (ВИДЕО)

Vecer | 25.09.2021

Максим Димитриевски: МВР врши притисок врз општината (ВИДЕО)

Видео пристигна до редакцијата на Плус инфо каде може да се слушне разговор на градоначалникот Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа.

Секторот за внатрешни работи Куманово веќе трет ден по ред врши притисок врз работата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски со стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и кои се влезени во годишната програма, брифираат од општината.

-Од видеото, кое пристигна до нашата редакција, може да се слушне разговор на градоначалникот Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа, пишува плус инфо.

Градоначалникот Димитриевски во видеото  вели на инспекторката дека не е овластена да бара документација на работниците.

– Дали знаете чија надлежност е кога се извршуваат градежни работи, кој врши увид во градежни работи? Вие немате право од изведувач да барате техничка и друга документација. Тоа е исклучиво под надлежност на градежна инспекција. Ова го правите вие од МВР континуирано, на секоја градежна активност. МВР нема право да ги спречува градежните активности на Општина Куманово, што се утврдени со годишен план за работа –  вели Димитриевски на инспекторката.

Како што брифираат од Општина Куманово, ова не е прв случај Министерството за внатрешни работи да биде злоупотребено за политичка пресметка со градоначалникот Максим Димитриевски.

[embed]https://youtu.be/OIfptDEZNH0[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk