logo
logo
logo

Македонците се веќе предмет не само на културоцид туку и на етноцид

Vecer | 08.12.2021

Македонците се веќе предмет не само на културоцид туку и на етноцид

Го молам Бугарскиот ПЕН да ја изрази својата спремност за дијалог, соработка и солидарност без да ја промовира официјалната државна теза дека Македонија е создадена врз бугарски темели и наследство, вели во својата колумна за „Нова Македонија“, академик Катица Ќулавкова, потпретседателка на Меѓународниот ПЕН, по повод писмото од 17.9.2021 година на бугарскиот ПЕН, во кое, како што потенцира таа – со добронамерна реторика исполнета со желба за соработка со Македонскиот ПЕН и македонските писатели, всушност, ја застапува официјалната теза на бугарските државни институции, политички партии и европратеници. Во продолжение нејзиниот став
Таквата интерпретација е погрешна. Ние како Македонци имаме право на своја интерпретација на нашиот идентитет, историја, еволуција, фактографија. Допуштаме плуралитет на интерпретации, што значи дека апелираме и на сопственото право на интерпретација на историските факти и културното наследство. Бугарија денес прави историска грешка. Во составот на современата бугарска нација има многу Македонци по потекло, но со текот на времето се асимилирани. Впрочем, во Бугарија законите се такви, што за да се добие бугарско државјанство, граѓанинот е принуден да се изрази како Бугарин по потекло. Таков е случајот и со наводните Бугари во Македонија што имаат бугарски пасоши. Тие немаа друг избор, освен да се потпишат како Бугари по род за да добијат бугарски пасош и да се движат слободно низ Европа и светот, да работат и да бараат егзистенција надвор од Македонија, во којашто е веќе многу тешко да се живее на цивилизиран начин. Иронично е да се повикувате на бројот на издадени пасоши како на факт за идентитетот на Македонците. Македонците се веќе предмет не само на културоцид туку и на етноцид. Историјата се повторува. И Македонците ги негираат, зарем не?, пишува Ќулавкова.
Целата колумна на „Нова Македонија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk