Иако не постои единствен одговор на прашањето кои јазици се најлесни или најтешки, еден од најчесто цитираните извори е Foreign service institute (FSI), систем кој ги рангира јазиците според тоа колку време вообичаено е потребно за оние од англиското говорно подрачје да научат одреден јазик.
Системот за рангирање на FSI се состои од пет категории, подредени од најлесно до најтешко врз основа на тоа колку часови учење на едно лице ќе му требаат за да постигне професионална вештина.
Категоријата I, која вклучува јазици за кои обично се потребни околу 24-30 недели учење, или 600 до 750 часа настава, за да се достигне нивото S-3/R-3, што е приближно еквивалентно на B2/ С1 ниво. Оваа група вклучува јазици како дански, холандски, француски, италијански, норвешки, португалски, романски, шпански и шведски.
Германскиот јазик бара околу 30 недели или 750 часа и е класифициран во посебна категорија II.
Категоријата III вклучува јазици за кои се потребни 36 недели учење, односно 900 работни часа. Тоа се јазици со јазични и културни разлики во споредба со англискиот, како што се индонезискиот, малезискиот и свахили јазикот.
МАКЕДОНСКИОТ е меѓу најтешките
Категоријата IV се однесува на јазици со уште позначајни јазични и културни разлики во споредба со англискиот, за што се потребни околу 44 недели или 1100 часа учење. Во оваа категорија спаѓаат: албански, амхарски, ерменски, азербејџански/азерски, бенгалски, босански, бугарски, бурмански, хрватски, чешки, естонски, фински, грузиски, грчки, хебрејски, хинди, унгарски, исландски, кмерски, латвиски, литвански, македонски, монголски, непалски, паштунски, персиски, полски, руски, српски, синхалски, словачки, словенечки, тагалог, тајландски, турски, украински, урду, узбекистански, виетнамски, хоса (нигерско-конго јазик), зулу.
Категоријата V, исто така последна, содржи јазици кои се исклучително тешки за говорителите на англискиот јазик и бараат 88 недели или 2200 часа учење. Потребен е најголем напор за арапски, јапонски, корејски, кантонски (кинески) и мандарински (кинески) јазици.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата