logo
logo
logo

ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА ПРЕБРОЈУВАЊЕ И ИЗЈАСНУВАЊЕ?

Македонски ЕУ експерт за Францускиот предлог: Увертира во бесконечна агонија

Vecer | 30.06.2022

Македонски ЕУ експерт за Францускиот предлог: Увертира во бесконечна агонија

Еден од водечките македонски експерти за процесот на проширување Драган Тилев во пресрет на денот кога Македонија се уште може да го прифати таканаречениот француски предлог објавува какви непоправливи последици може да донесе негово прифаќање.

Тилев кој е дел од сите македонски тимови во разни фази од приближувањето кон ЕУ и кој има животна желба Македонија да почне преговори со унијата е внимателен.

Македонија ќе влезе во агонија од која нема враќање ако го прифати францускиот предлог.

,,Текстот приложен кон овој статус го пишував многу пред да имам можност да го видам “францускиот” предлог, а е објавен на kdpolitic (благодарам) на 13 јуни годинава. Стојам и денеска зад секој напишан збор, со мојот професионален кредибилитет, личен интегритет и животно искуство. Напишав и објавив и низа текстови на темата “македонските европски работи” во месечникот “Економија и бизнис” изминатите две+ години и бројни стручни анализи објавени од KAS и IDSCS и од други меѓународни платформи. Секогаш конзистентно и чесно. Како слободен граѓанин сметам дека на тоа имам право, а и обврска.

Европската интеграција е државен проект и мора да се третира како таков од страна на сите политички и општествени чинители. Транспарентноста е коренот на демократијата и темелот на кој се надградува општествената (само)доверба. Само на таков темел може да се потпира и издржи одлуката која се носи денеска, утре, деновиве. Лоша одлука не е во ничија корист и никој нема да може да ги издржи последиците од таквата одлука. Да не се залажуваме, можност за поправен испит нема да има!

Францускиот предлог, со сета почит за нивниот обид да помогнат, каков што од јавноста можев да го прочитам, а професионално детално го анализирав, лично сметам дека не е решение на нашиот спор со Бугарија, туку увертира во бесконечна национална и државна агонија. Предлогот е суштински различен од последниот предлог на Германија од ноември 2020 година, со внесување на речиси сите барања на бугарската страна. Токму тоа што сите се обидувавме да го избегнеме”, пишува Тилев според кого правилен е ставот на премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски за одбивање на Пакетот предложен од Претседателството на Советот на ЕУ, јавно искажан во Брисел.

,,Лично сметам дека е стратешки погрешно и крајно штетно усвојувањето на Пакетот (со дополнителни барања?) во Бугарското Собрание. Велам, само лично сметам, бидејќи исклучиво нивно право е да ги утврдуваат нивните државни позиции и да ги бранат нивните интереси, ни се допаѓало тоа нам или не.

Со овој широко подржан политичко-дипломатски оркестриран потег, нашиот маневарски простор е значително стеснет. Но, во исто време сега е моментот, нема да има втора можност, ние да издржиме во одбрана на нашите државни позиции (Резолуцијата усвоена во нашето Собрание) и национални интереси. Тоа е наша генерациска должност од која нема бегање.

Нашата позиција мора да остане јасно, недвосмислено и гласно: сакаме полноправно членство во ЕУ и продолжуваме со аргументирано убедување на ЕУ дека мешањето на билатералните прашање со пристапните “европски” преговори е лошо пред се за ЕУ, за нас, но и за целиот регион.

Да не заборавиме сите заедно, а пред се ЕУ, дека има и други билатерални прашања на нашиве простори кои само ќе ги “раскрвариме” со ЕУ “решенијата” во нашиот случај.

Политичката цена е потполно неважна, ние како поединци сме неважни, она што историски ќе тежи утре и годините потоа е само одговорот на прашањето, не дали, колку и како сме ги бранеле нашите државни интереси, туку дали сме успеале да ги одбраниме нашите македонски идентитетски корени и дали сме изградиле функционална мултиетничка држава, бидејќи поголем државен приоритет од тоа нема”, пишува Тилев во обраќањето во врска со последните настани нонинсо анализата објавена на 13 јуни.

Целата анализа на овој линк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk