logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА2025: 7 стипендии за Руската Претседателска Академија

Vecer | 15.03.2021

МАКЕДОНИЈА2025:  7 стипендии за Руската Претседателска Академија

Македонија2025 објавува 7 (седум) стипендии за Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (РАНЕПА) во Москва за учебната 2021 година, најдобра Бизнис школа во Русија со меѓународна и национална акредитација, која според последните рангирања (во 2020 година) на универзитетите во Русија се наоѓа на 4-тото место.

И тоа за следниве области и вид на студии:

– две (2) стипендии со целосна школарина за додипломски студии по Европски бизнис, јазик и култура (4 годишни студии)

– две (2) стипендии со целосна школарина за магистерски студии по глобално лидерство (2 годишни студии) и

– три (3) стипендии со делумна школарина (50%) за магистерски студии за управување со проекти (2 годишни студии).

Ова е одлична можност за млади и амбициозни ученици/студенти да се здобијат со меѓународно искуство и диплома, и да запознаат колеги и професионалци од различни краеви на светот.

Краен рок за аплицирање: 25 март 2021 год.

Повеќе детали околу стипендиите, ќе најдете на следниот линк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk