logo
logo
logo

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови за 51 отсто

Vecer | 14.04.2021

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови за 51 отсто


Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Како што нагласи тој, овој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран на ублажувањето на климатските промени.

Министерот оцени дека со ова уште еднаш се демонстрираат заложбата и придонесот на државата во реализација на Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот План за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции.

Во поднесокот се вградени резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови при што вкупно се анализирани 63 политики и мерки за ублажување во секторите:

– Енергија (вклучително и снабдување со енергија, резиденцијален сектор, неспецифицирани сектори, индустрија и транспорт);
– Земјоделство;
– Шумарство и друга употреба на земјиште;
– Отпад;
– Дополнителни мерки (овозможувачки мерки на мерките за ублажување).

Ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и е целосно усогласен со предлог Националниот план за енергија и клима.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk