Граѓаните треба да знаат, дека Македонија нема да почне преговори ако Османи и Ковачевски го прифатат ултиматумот од Бугарија. Тие ќе добијат само едно сликање во Брисел, треба да се вратат назад и да спроведат промени на Уставот, по кои Македонија би можела да почне преговори.

-Јас ви гарантирам, дека со ВМРО-ДПМНЕ, нема да има промени на Уставот, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Алфа ТВ, објаснувајќи ги чекорите кои треба да се случат за Македонија да ги почне преговорите.