logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА НА НОВО НИВО НА РАЗВОЈ - Најголема економска рамка од 6 милијарди евра со договорот со Обединетото Кралство

Vecer | 23.05.2025

МАКЕДОНИЈА НА НОВО НИВО НА РАЗВОЈ - Најголема економска рамка од 6 милијарди евра со договорот со Обединетото Кралство

Потпишан Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стратешко партнерство со Обединетото Кралство е чекор плус, кој ќе ја доведе Македонија на ново ниво на развој.

Потпишувањето на договорот значи унапредување и развој во клучни сектори како инфраструктурни проекти во транспортот, образованието, животната средина, ИТ секторот и здравството.

Веќе се подготвени три проекти за имплементација: изградба на брза железница на Коридорот 10, нови болнички капацитети, и нови образовни установи. Дополнително, се најавуваат и идни проекти во енергетиката и екологијата.

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Со оваа финансиската поддршка, Македонија ќе има корист и од британското административно и бизнис искуство, што ќе придонесе за унапредување на домашната јавна администрација и приватен сектор, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk