logo
logo
logo

Николоски

„Македонија има национална криза со предавство и економска криза, ПОТРЕБНИ СЕ ИЗБОРИ“

Vecer | 30.06.2022

„Македонија има национална криза со предавство и економска криза, ПОТРЕБНИ СЕ ИЗБОРИ“

„Во моментов на Македонија потребни и се предвремени парламентарни избори затоа што се случуваат две кризи. Првата криза е националната криза со националното предавство со Бугарија и второто е економска криза која за жал ќе станува уште по лоша. Владата се покажа дека во однос на двете кризи нема одговори и не знае да ги решава проблемите“, изјави потпретседателот и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

Николоски потенцираше дека потребно е заедно да изгласаме предвремени парламентарни избори затоа што тие се потребни на државата, доколку за тоа не се договориме опцијата 61 пратеник останува и да разговараме со политичките партии во Собранието.

Николоски изјави дека власта сега ќе прави некакви си консултации и кога ќе проценат дека е најпразно во Македонија, дека е најжешка температура и дека најмалце народ може да излезе на улица тогаш ќе го усвојат и ќе се изгласа затоа народот не треба да се потценува.

„Мислам дека усвојувањето на предлогот ќе се случи некаде помеѓу 25-ти јули и 10-ти август кога државата е празна и кога температурите се над 40 степени, кога сите што можат да отидат на море или езеро се отидени и останатите се по планините, селата и градовите се празни“, рече Николоски.

Николоски додаде дека францускиот документ е катастрофа за Македонија и македонскиот народ пред се.

„Секогаш спремни сме да разговараме во корист на македонските национални интереси. Доколку успееме да убедиме  било кого да не се прифаќа овој француски предлог и да не се нарушуваат македонските национални позиции ние ќе сме среќни. Затоа што ние не сакаме овој предлог да помине затоа што е штетен за граѓаните на Македонија и пред се за македонскиот народ“, кажа Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk